Вардар има добра можност да го победи Малме и да се пласира во следната квалификациска рунда од Лигата на шампионите. Тренерот Гоце Седлоски го објави почетниот состав, со кој ќе го стартува денешниот дуел. Шефот на стручниот штаб се одлучи за следниве 11-сетмина: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров Новак, Демири, Николов, Глигоров, Фелипе, Спировски, Барсегјан и Балотели.
За разлика од првиот натпревар во Шведска, во стартниот состав го нема Исени кој остана на клупата.