Вардар се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите! Нашите момци со резултат 3:1 (0:1) го победија тимот на Малме. Иако губеа по првиот дел, сепак на крајот со три гола во мрежата на Малме успеавме да победиме. Во третото коло не чека тимот на Копенхаген од Данска, првиот дуел ќе го играме на гостински терен.
Првата шанса Вардар ја имаше во 5.минута, корнер опасно изведе Николов топката никој од нашите играчи не ја зафати и пропадна оваа шанса. Во 8. минута пак, тимот на Малме прв пат се закани кон нашиот гол, Гачевски сепак добро боксуваше и ја расчисти опасноста. Во 16. минута беше досуден пенал за Малме. Розенберг, над кој беше напрваен прекршокот ја зеде топката силно и прецизно биеше за предност од 0:1 за Малме. До крајот на првиот дел судијата од Украина беше во центарот на внинамнието. Не покажа чист црвен картон за еден играч на Малме, а кон крајот на првиот дел и не досуди пенал кој беше евидентен, еден играч на гостите со рака играше во својот шеснаесетник. Во првиот дел Вардар главно се закануваше преку центаршутеви од прекини. Малме преку Јотун имаше голема прилика да дојде и до 0:2 некаде околу 32 минута, но за наша среќа биеше само покрај голот.
На почетокот на вториот дел во игра во Вардар влезе Блажевски на местото на Глигоров. Во вториот дел Вардар започна доста напаѓачки со цел да постигнe голoви. Во 49 минута Елкрем имаше голема шанса да го донесе својот тим во водство од 0:2, за наша среќа неговиот удар заврши крај голот на Гачевски. Во 51 минута Блажевски се обиде со удар од далечина но за малку покрај голот биеше. Ова го чекаше целиот стадион, во 56 минута Вардар преку Грнчаров дојде до 1:1. Нашиот капитен со глава го матираше голманот на гостите за 1:1. По овој гол Вардар тргна и по втор, Фелипе во соло продор во 60 минута влезе во шеснаесетникот на Малме, еден играч го фаулираше за пенал. Фелипе ја зеде топката и биеше, промаши но за наша среќа Барсегјан налета на одбиената топка и погоди за целосен пресврт од 2:1 за Вардар. Во 73 минута во игра влезе и Брдаровски на местото на Барсегјан. Во 85 минута во Вардар беше направена и третата замена, во игра влезе и Муслиу на местото на Балотели. Гооол за крај, Николов по асистенција на Блажевски погоди за 3:1. Со резултат 3:1 заврши овој дуел.
ЧЕСТИТКИ ДО НАШИТЕ ИГРАЧИ ЗА ПЛАСМАНОТ ПОНАТАМУ!!