Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Ефикасно коло во детската лига за вардаровите генерации, кои постигнаа вкупно 92 голови, имаа десет победи, само еден нерешен резултат и пораз
Ефикасно коло во детската лига за вардаровите генерации, кои постигнаа вкупно 92 голови, имаа десет победи, само еден нерешен резултат и пораз

Ефикасно коло во детската лига за вардаровите генерации, кои постигнаа вкупно 92 голови, имаа десет победи, само еден нерешен резултат и пораз

 Изминатиов викенд се одигра второто пролетно коло во детската фудбалска лига. Вардаровите генерации одиграа вкупно 12 натпревари на кои забележаа дури 10 победи, само 1 нерешен резултат и 1 пораз. Постигнавме вкупно 92 голови, што говори за големата ефикасност на нашите млади надежи во ова коло.

Генерацијата “2005′ одигра два дуели кои ги доби во своја корист. Вардар (1) убедливо ја победи екипата на Форца со резултат 6:0, додека Вардар (2) беше поуспешен од тимот на Куманово 2012 со резултат 3:1. Генерацијата “2006“ одигра само еден натпревар и тоа активен беше само Вардар (2) кој за противник во ова коло го имаше тимот на Њу Старс (2) меч кој избраниците на Јанев го добија со резултат 2:1. Голгетерски најросположена изминатиов викенд беа избраниците на Томче Трајановски, или генерацијата родени “2007“ година. Тие одиграа три натпревари и имаа исто толку победи. Вардар (1) беше најубедлив совладувајќи го Хет Трик со резултат 19:3, додека Вардар (2) беше поуспешен од екипата на Милано (7:4). Вардар (3) кој се натпреварува во повозрасната генерација “2006“ исто така имаше сигурен настап и тримфираше над Њу Старс (1) со резултат 5:0.

На терените на ФК Работнички, своите мечеви од ова коло ги одиграа и помалите генерации на ФК Вардар. Генерацијата “2008“ имаше успешно коло и тоа Вардар (1) кој  со убедливи 7:0 го победи тимот на Њу Старс 3, додека Вардар (2) го надигра Куманово победувајќи со резултат 11:1. Единствениот пораз во ова голо го забележа екипата на Вардар (1) од генерацијата “2009“ која го загуби мечот со Њу Старс (2) со резултат 1:5, додека Вардар (2) победи против Куманово 2о12 со резултат 9:3. Најмладата генерација која се натпреварува во детската лига, дечиња родени “2010“ година имаа реми и победа во ова коло. Вардар (1) одигра со нерешен резултат во дербито со Форца (3:3), додека Вардар (2) го победи Њу Старс, со резултат 9:2.

Претходно на нашиот сајт ви ги пренесовме извештаите од сите мечеви на вардаровите генерации, во рамките на второто пролетно коло во оваа лига.