Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Бојан Тимевски: Ако топката завршеше позади мојот грб мечот ќе имаше друг ритам и правец, па конечниот исход можеше да биде изразен со друг резултат
Бојан Тимевски: Ако топката завршеше позади мојот грб мечот ќе имаше друг ритам и правец, па конечниот исход можеше да биде изразен со друг резултат

Бојан Тимевски: Ако топката завршеше позади мојот грб мечот ќе имаше друг ритам и правец, па конечниот исход можеше да биде изразен со друг резултат

Изминатиов викенд на програмата беше 18 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Кадетското дерби му припадна на Вардар, кој на теренот на Академијата ја победи екипата на Македонија Ѓ.П. Натпреварот го оправда епитетот дерби, а црвено-црните на крајот се радуваа на триумфот, кој беше изразен со резултат 2:1. Еден од најзаслужните за победа на вардаровите кадети е сигурно голманот, Бојан Тимевски, кој успеа при резултат 1:о за Вардар да одбрани удар од белата точка на противникот, додека при водство исто така на нашиот состав од 2:1, успеа да одбрани две изгледни прилики на тимот од Ѓорче за да го израмни резултатот. И Вардар имаше свои прилики предвреме да го реши победникот, па на крајот резултатот беше и реален исход од овој интересен и калитетен меч. Како херојот на овој дуел, голманот Бојан Тимевски го виде овој натпревар можете да прочитате од неговата изјава за нашиот сајт.

-Добар натпревар и на двете екипи. Дуелот го видов во еден голем жар од двете страни кои имаа свои шанси, но на крајот сметам дека Вардар заслужено победи. Силно темпо во текот на сите 90 минути со голема желба на мојот и противничкиот тим да ги освојат бодовите, е реален приказ за овој дерби натпревар. Со оглед на тоа што го одбранив пеналот на мојот бивши соиграч, а сега член на Македонија Ѓ.П кој уште во далечната 2014 година изведуваше пенали на неговата сигурна страна, така да прилично знаев дека ке му го одбранам пеналот. Ако топката завршеше позади мојот грб натпреварот ќе имаше друг ритам и правец, па конечниот исход можеше да биде изразен со друг резултат. Задоволен сум од мојот настап, но уште посреќен што мојата екипа оствари триумф и ја продолжи борбата за титулата.

Бодовната разлика помеѓу Вардар и Шкендија од шест се намали на три бодови во корист на тетовчани. Ова е само уште еден показател дека до крајот на сезоната ќе гледаме интересна завршница, околу прашањето кој ќе биде новиот шампион во кадетската лига. Тимевски верува дека Вардар ќе продолжи да победува и дека може да стигне до шампионската титула.

-Од мојот тим очекувам само победи до крајот на сезоната и ако продолжиме со добрите игри сигурно дека до крајот на сезоната ќе гледаме неизвесно првенство. Сега разлика помеѓу нас и Шкендија е само три бода разлика во корист на нашиот најголем конкурент, но сепак има уште многу натпревари да се играат, а да не заборавиме дека оваа сезона системот на натпреварување е различен, со дополнителен трет круг кој ќе го реши шампионот во кадетската лига. Нас треба да не интересира само нашата игра и советите од тренерот Колев, кои ни ги дава пред секој меч. Можеме да ветиме само борбеност и максимална посветеност на мечевите, а крајот ќе каже каков ќе биде изгледот на табелата во нашата лига.

Звонко Ивановски