Младите кошаркaрски надежи на КК Вардар родени 2006 и 2007 година, гостуваа во Белград на славните српски гиганти, каде одиграа четири пријателски натпревари со Црвена Звезда, Партизан, ИБЦ и Нови Београд. Најдобриот македонски младински клуб имаше прилика да гостува кај најквалитетите соседски тимови.
За нив големо искуство беше присуството на евролигашкиот натпревар меѓу домаќинот Црвена Звезда и шпанскиот кошаркарски гигант, Реал Мадрид. Црвено-црните имаат одлична соработка со српските клубови, ова не е прво гостување во Белград, такви гостувања според планот ќе има и во иднина.