Одбојкарите на Вардар продолжуваат со извонредните партии и победи на домашен терен. Изминатиов викенд во Градски парк падна и лидерот на табелата, тимот на ОК Струмица. Со оваа победа “црвено – црните” им вратија на ривалите од Струмица за елиминацијата во Купот.
ВАРДАР – СТРУМИЦА (3-2)
Продолжува победничката серија на домашен терен. Извојувавме целосен резултатски пресврт, но концентрацијата падна па Вардарци успеаја да победат во 5тиот решавачки сет.
НЕКА ДОЈДЕ КОЈ САКА – напишаа „вардарци“ преку својата фејсбук-страница.