Екипата на Шкупи ќе биде првиот пролетен предизвик за младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Со натпреварите против екипата од Чаир ќе стартува пролетниот дел, некаде на почетокот на месец март.
Познато е дека пионерските екипи завршија како есенски шампиони, а можност за прв триумф во вториот дел од сезоната ќе имаат токму на домашен терен против екипата на Шкупи, мечевите ќе се одиграат на теренот на Академијата. Помладите пионери веќе еднаш го совладаа противникот на гостински терен, минимално со погодокот на Антонио Мирков. Пионерите исто така ќе се обидат да стигнат до вториот сезонски триумф над врсниците од Шкупи. Во пролетниот дел црвено-црните славеа со 1:3, со головите на Омерагиќ, Крстевски и Речица.
Кадетите и младинците на почетокот на месец март пак ќе гостуваат на екипата на Шкупи. Во пролетниот дел, кадетите на Вардар на домашен терен загубија минимално, додека младинците пак триумфираа минимално со 2:1.