Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Екипата на Турново е следниот предизвик за младинските категории на Фк Вардар
Екипата на Турново е следниот предизвик за младинските категории на Фк Вардар

Екипата на Турново е следниот предизвик за младинските категории на Фк Вардар

Викендов ќе се одигра 19 коло во рамките на националното првенство кај младинските категории. Противник на сите наши екипи, е тимот на Турново.
-Помладите пионери по освојување на купот на Македонија, ги очекува нов предизвик во лигата. Во недела гостуваат во Струмица на екипата на Турново. Со оглед дека се во голема борба за титулата, трите бода од овој меч се неопходни за оваа генерација.

-Пионерите ќе се обидат да ја продолжат победничката серија во Струмица. По двете последователкни победи, оваа генерација покажува дека се наоѓа во одлична форма. Мечот е закажан за во недела.

-Домашен натпревар на теренот на Локомотива ќе играат кадетите на Фк Вардар. Уште 4 кола остануваат до крајот на првенството, а бодовната разлика меѓу Вардар и Шкендија е само 2 бода. Мечот со Турново е закажан за утре со почеток од 11 часот.

-Младинците ќе се обидат да ги освојат трите бода за што подобар пласман на табелата од крајот на сезоната. Натпреварот со Турново ќе се игра утре, веднаш по завршување на дуелот на акдетите, односно во 13 часот.