За жал својата професионална кариера ја завршува репрезентативката на Македонија, и член на нашиот Вардар Јуле Николиќ. Во својата богата кариера Јуле може да се пофали, и самите ние ја паметиме по одличните партии во деновите поминати во дресот со државниот грб, кога имаше маестрални партии во тие генерации кога женскиот ракомет во нашата земја беше на едно солидно ниво.
Сите ја знаеме приказната за Јуле, таа дојде од Украина на само 20 години, па преку медиумите во интервју ги искажа своите впочетоци… Дојде како украинка, но тука остана, и доби македонски пасош, па така стана и репрезентативец. Исто така настапуваше и во најдобриот наш женски тим тоа време, Кометал. Настапуваше и во Турција, Франција, и во Русија, од каде што дојде во Вардар.
И посакуваме се најубаво во животот, фала ти за се Јуле!