Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци пристигнаа во Никозија
Вардарци пристигнаа во Никозија

Вардарци пристигнаа во Никозија

Екипата на Фк Вардар пристигна на Кипарско тло, по неколку часа патување. Момците вече се сместија во хотелот “Хилтон“ каде ќе престојуваат се до вторник кога ќе го одиграат првиот меч против Апоел, во лигата на шампионите. Веќе треба да биде во тек и тренинг од полесен карактер.

Вардарци имаат доволно време да се аклиматизираат на новите услови и средина. За утре е закажана прес-коференција како и два тренинга, на теренот каде ќе се одигра натпреварот.