Поранешниот тренер на ФК Вардар, Никола Илиевски – Џиџи најде нов ангажман, и ќе биде нов тренер на ФК Хоризонт Турново. Интересно е тоа што нашиот поранешен тренер своето деби ќе го има против нашиот тим, екипата на Вардар.
Натпреварот на Вардар и Турново треба да се одигра во недела на Градскиот стадион во Скопје. Овој дуел е дел од шестото коло во првата македонска лига и истиот е закажан со почеток во 16 – 00 часот.
Инаку ”Џиџи” беше тренер на ФК Вардар во 2013 година.