Вчера нашата фудбалска репрезентација на мегдан излезе со големата Шпанија. Во почетниот состав на нашата репрезентација се најдоа и тројца Вардарци. Тоа беа: Брдаровски, Глигоров и Пачовски. Сите тројца црвено – црни играчи ги одиграа сите 90 минути, додека пак на клупата остана Бобан Николов.
Секако дека ова беше еден голем мотив, и голем плус во кариерата за нашите играчи, да се спротистават на големите шпански имиња како, Иниеста, Пике, Рамос, Коста, Силва и тн. Пачовски направи една грешка за водство на гостите, а Глигоров и Брдаровски одиграа еден добар меч. Радува фактот што и Владица Брдаровски веќе станува сериозна конкуренција на Хамбарџумјан на бековската позиција.
Фото: fkvardar.mk