Одложен е натпреварот од сеха лигата помеѓу екипите на Загреб и Вардар. Овој дуел требаше да се игра во сабота во Загреб, но истиот е одложен поради здравствената состојба на шест играчи на Хрвасткиот шампион, кои добија труење од храна на гостувањето во Белорусија. После завршување на натпреварот против Брест Мешков, дел од ракометарите почуствувале грозница и стомачни болки. На инфузија завршиле тренерот Вујовиќ како и играчите Павловиќ, Степанчиќ, Шушња, Вујиќ и голманот Филип Ивиќ. Екипата се задржа непланирано уште еден ден во Брест, а вчера пристигна во својата земја.
Моментално сите играчи се опоравуваат од оваа состојба, според нашите информации сите ракометари и Вујовиќ се наоѓаат во добра состојба. Од овие причини ќе биде одложен натпреварот со Вардар, кој ќе се одигра во некој друг термин. По се изгледа вечерашниот натпревар во Ј.Сандански против Нексе ќе биде последна увертира за нашиот шампион, за дуелот од лигата на шампионите против Монпелје.