Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Штербик одлично ја започна новата сезона
(ВИДЕО) Штербик одлично ја започна новата сезона

(ВИДЕО) Штербик одлично ја започна новата сезона

Еден од најдобрите светски голмани, Арпад Штербик одлично ја започна новата сезона во дресот на Вардар. Веќе освои две награди за најдобар голман на подготвителните турнири. На “Кањижа куп“ и “Вардар турнирот“, Штербик беше заслужено прогласен за најдобар голман. Добро ја започна и новата сезона во сеха лигата. На првиот дуел против Војводина, беше најзаслужен со своите 16 одбрани за високата победа. Следеше гостување во Струмица, каде исто така имаше добро издание со 10 одбрани зад своето име. Во отсуство на Ангелов поради повреда, негова замена е младиот Градимир Чаневски.

Видеово е од првиот меч во сеха лигата со Војводина.