Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар “генерација 2002“ го освои традиционалниот турнир во Кочани
Фк Вардар “генерација 2002“ го освои традиционалниот турнир во Кочани

Фк Вардар “генерација 2002“ го освои традиционалниот турнир во Кочани

Продолжуваат успесите за најмладите Вардарови генерации кои не претставуваат на турнирите каде настапуваат. Фк Вардар генерација “2002“ која ја предводи тренерот Павел Неделковски е победник на традиционалниот турнир во Кочани, кој се одржува по јубилејен 10-ти пат. Овој турнир прераснува во голема традиција, по повод 7 септември, тоа е денот на ослободување на Кочани и 8 септември, денот на независноста на Р. Македонија. На турнирот учество земаа четири екипи од генерациите “2001“ и “2002“.

Младите Вардарци лесно и убедливо во двата натпревари забележаа победи и сосема заслужено го освоија јубилејниот турнир. Најпрвин во полуфиналето бевме поуспешни од екипата на Слога 1934, со резултат 2:0. На полувреме беше 1:0. Стрелци на головите на овој натпревар беа Леонид Игњатов и Дамјан Андреев. Во финалниот меч се сретнавме со домаќинот, екипата на Кочани. Квалитетеот беше далеку на наша страна, па натпреварот помина во целоса доминација и игра на Вардар. Конечниот резултат гласеше 5:0. Уште на полувреме имавме солидна предност (3:0). Леонид Игњатов постигна хет-трик, по еден гол дадоа Димитар Поповски и Дарко Димитров.

На крајот беа доделени наградите за најдобар играч, стрелец и голман. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Хардин Речица од Вардар.