Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Против Нексе за продолжување на победничката серија
Против Нексе за продолжување на победничката серија

Против Нексе за продолжување на победничката серија

Вардар во потрага по десетата победа во новата сезона, вкупно трета во официјалните натпревари. Денес го играме третиот меч во сеха лигата, против екипата на Нексе од Хрватска. Четири победи од турнирот во Кањижа, три на “Вардар турнирот“ и две во сеха натпреварувањето е билансот на црвено-црните во новата сезона. Во претходните две кола, остваривме триумфи против тимовите на Војводина и Макс Струмица. Нексе е добро познат противник од претходните сезони во балканската лига. Се сретнавме и на турнирот во Ј.Сандански, на кој убедливо славевме (36:26).

Тимот од Нексе го задржи во најголем дел составот, со кој настапуваше минатата сезона. Единствено кој заминаа се Целеб, Кружиќ, Томас и Ороз. Најголемото засилување е крилото и поранешен репрезентативец Ведран Зрниќ. Тренер е познатиот Здeнко Корди. Хрватскиот претставник играше и на турнирот “Кањижа куп“, чиј победник беа токму црвено-црните. Нексе го освои одличното трето место, откако го побeди тимот на Горење Велење. На “Вардар турнирот“ за пласман на петото место беа подобри од екипата на Металург. Минатата сезона на два пати се сретнавме во сеха лигата, на првиот меч одигран на домашен терен победивме со резултат 32:21. Во Хрватска уште еднаш бевме подобри со резултат 27:30.

Нексе е тврд противник и никако не смее да се потцени. Нивната сила ја покажаа во Хрватското дерби во сеха лигата, против екипата на Загреб. Тој меч заврши со минимална победа за Загреб (27:25) иако до последните минути Нексе имаше предност. На полувреме дури и водеше со три голови разлика (14:17). Вардар има мали проблеми со повредени играчи, денес Гонзалес нема да може да смета на Ангелов, Лазаров и Деревен. Сепак располагаме со доволно квалитетен состав, за продолжување на серијата победи. Мечот започнува од 20:15 во Ј.Сандански. Цената на билетот изнесува 100 денари, кој можете да го набавите на билетарата.