Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ВИДЕО СТРИМ 19Ч)БОРЕЊЕ! Вардарецот Хамикоев вечерва на С.П во Лас Вегас се бори за олимписка норма
(ВИДЕО СТРИМ 19Ч)БОРЕЊЕ! Вардарецот Хамикоев вечерва на С.П во Лас Вегас се бори за олимписка норма

(ВИДЕО СТРИМ 19Ч)БОРЕЊЕ! Вардарецот Хамикоев вечерва на С.П во Лас Вегас се бори за олимписка норма

Вечерва во 10-00 часот по локално или 19-00 часот по македонско на Светското првенство во борење кое се одржува во Лас Вегас- Невада САД свој настап ќе има натурализираниот македонскиот репрезенативец и член на нашиот БК Вардар Тимур Хамикоев.

Нашето момче ќе настапи во борбите во категоријата до 85 килограми во грчко- римски стил. Во оваа категорија има дури 42 борачи кои ќе се појават на душекот во Лас Вегас. Тимур ќе се обиде со добар пласман да обезбеди “виза“ за Олимписките игри во Рио-Бразил следната година. Најдобрите шест борачи обезбедуваат место дирекно за РИО-2016. Доколку и не успееме да обезбедиме вечер место останува можноста во следните квалификациони турнири што се на програмата догодина да обезбедиме место на најголемиот планетарен спортски собир. Тимур во првото коло ќе се сретне со Дорин Константин Пирван од Романија .

Може во живо да  ги следите мечевите на нашиот црвено – црн преставник на светското првенство во Лас Вегас на следниот линк – ТУКА 

Подсетување – вториот вардарец на С.П младиот Зубаиров настапува два дена подоцна на 11-ти септември исто така во 10-00 часот по локално  време или 19-00 по македонско .