Денешниот дуел во СЕХА помеѓу македонскиот преставник РК Вардар и тимот кој доаѓа од Хрватска екипата на Нексе ќе може да го проследите низ директен пренос на македонската радио и телевизија на првиот програмски канал. Ова е трет меч за црвено- црнире во Сеха регионалната лига на кој ќе атакуваат на третата победа. Мечот почнува во 20 часот и 15 минути во Спортскиот Центар Јане Сандански ,а дирекниот пренос на МТВ-1 ќе започне пет минути претходно.
Вардар против Нексе влегува како фаворит ,но со целосна предпазливост со незгодниот противник. На последниот дуел неодамна на “Турнирот Вардар“ кој се одигра во Скопје црвено – црните победија со двоцифрена разлика со краен резултат 36:26. Билетите за оние кои ќе се одлучат да го следат дуелот во регионалната лига во нашиот спорски храм Јане Сандански ќе може да ги набават на билетарницата пред влезот по цена од – 100денари.