Генерацијата 2009 ги заврши настапите на силниот меѓународен турнир „Вујадин Бошков Куп“.
Во рамките на 1/8 финалето, надежите на ФК Вардар беа поразени од екипата на Војводина, која важи за еден од фаворите за освојување на првото место. На овој натпревар екипата од Србија славеше со резултат 2:0.
Претходно во групната фаза, Вардар одигра три натпревари на кои забележа една победа, еден нерешен резултат и пораз.