Екипите на Партизан и Осијек ќе играат во големото финале на првото издание на меѓународниот младински турнир „Вардар Куп Скопје“.
Вчера на стадионот во Ѓорче Петров, се одиграа полуфиналните натпревари, после кои беа познати и финалистите. Во првото 1/2 финале, Вардар загуби убедливо од екипата на Осијек со резултат 0:5, додека во еден неизвесен натпревар во белградското дерби, Партизн со резултат 3:2 ја победи екипата на Црвена Ѕвезда.
Денес се игра големото финале, како и натпреварот за третото место. Со почеток од 11:00 часот во борба за бронзата ќе играат екипите на Вардар и Црвена Ѕвезда, додека големото финале ќе започне од 13:00 часот на кое ќе се сретнат екипите на Партизан и Осијек.