Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Ердон Даци од Вардар потпиша за Коњаспор
Ердон Даци од Вардар потпиша за Коњаспор

Ердон Даци од Вардар потпиша за Коњаспор

Младинскиот играч на ФК Вардар, Ердон Даци во новата сезона ќе настапува за екипата на Коњаспор од Турција. Даци долго време беше дел од екипата на Вардар, во која ги има поминато сите младински категории на клубот и беше еден од најдобрите стрелци на црвено-црните. Има репрезентативни настапи за младинските селекции, како и настап за првиот тим на ФК Вардар.

Поранешниот напаѓач на Вардар потпиша договор на три години со екипата од Турција.