Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мане Манев нов тренер на голманите во ФК Вардар
Мане Манев нов тренер на голманите во ФК Вардар

Мане Манев нов тренер на голманите во ФК Вардар

ФК Вардар и официјално претстави две нови имиња во стручниот тим. Покрај новиот помошник на Јаневски, Стефан ван дер Хејден кој ви го најавивме пред некој ден, нов тренер во Вардар ќе биде и Мане Манев.

Искусниот Мане Манев станува тренер на голманите на местото на досегашниот тренер Саша Илиќ, кој си замина од клубот. Манев е долгогодишен работник, досега работеше во младинските категории на клубот. Јаневски и Манев беа заедно во стручниот штаб на националниот тим на Македонија во минатото.

Од Вардар исто така информираат дека во стручниот тим остануваат и понатаму Александар Влахо, Александар Васоски и Михајло Костиќ. Влахо во иднина ќе работи на скаутинг и на анализа, а пак Васоски останува асистент на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски. Костиќ останува кондициски тренер на екипата и понатаму.