Кадетите на Фк Вардар го одиграа првиот натпревар во новата година. На теренот во марино,ремизираа со младинците на Скопје во пријателски натпревар. Мечот заврши 2:2, за Вардар погодија Есмин Личина и Александар Најдоски.
-Денес одигравме прв пријателски натпревар за нас во новата година. Наш противник беа младинците на Скопје. По првите 45 минути резултатот беше 1:1, каде ние поведовме во 17 минута. Над Димков беше направен прекрашок во 16-те метри, јас од белата точка бев стрелец во 32 минута. Стигна казната за нас по многу промашени шанси, противникот успеа да израмни. Во вториот дел почнавме на половината на Скопје, и од контра напад примивме гол во 66 минута. Продолживме со нападите што резултираше со погодокот на Најдоски.
Кадетите продолжуваат со подготовките, пред пролетниот дел од сезоната каде се наоѓаат на првото место на табелата.
-Продолжуваме со припремите, и да тренираме уште посилно за да бидеме подготвени за вториот дел од сезоната. Ние се наоѓаме на првото место, и ќе се бориме до крај да останеме таму кај што сме, изјави Есмин Личина за нашиот сајт.
Звонко Ивановски