На денешен ден пред 12 години, по петте гола на Кипар, се одигра и натпреварот во Скопје. Нашите црвено – црни играчи и на таа средба го надиграа и го совладаа кипарски Етникос со високи 5-1. Овој двомеч се одигра во сезоната 2004/05, а Вардар успеа да даде рекоредни 10 голови во само два натпревари против овој тим на Етникос.
Четири голови на оваа средба постигна кој друг ако не, Дош Сантош Вандаир, Вандаир буквално ја ”изрешета” мрежата на кипраните со четири погодоци, во голем стил како Левандовски, Роналдо и тн. Вандаир погоди во 2’ п, 21’, 29’ и 65’, а печат на високата победа стави и Никола Ѓошевски со гол во 15 минута.
Овие две победи се највисоки во историјата на ФК Вардар на меѓународна сцена