Според ФБ страната ”Црвено – црно семејство”, во ФК Вардар утре треба да пристигне нов играч. Се работи за ерменскиот играч од средината на теренот Тигран Барсегјан. Барсегјан има (22) години и доаѓа од тимот на Ганжахар, за овој тим минатата сезона настапил на 21 средба и постигнал четири погодоци. Во својата кариера има настапувано и за тимовите на Мика и Банантс. Во тимот на Мика во сезоната 2014/15 настапил на 24 натпревари и постигнал 5 погодови, а во сезоната 2013/14 на 14 натпревари постигнал 4 погодоци, додека пак за тимот на Банантс настапил на 8 натпревари во сезоната 2011. За А – Селекцијата на Ерменија има два настапи и постигнато еден погодок. На меѓународна сцена има настап со тимот на Мика во сезоната 2014/15, каде ги има одиграно две средби (180 минути).
Ова значи дека во тимот доаѓа нов ерменец, откако си замина Артак Дашјан. Се надеваме дека и овој играч ќе биде полн погодок за Вардар, исто како што беше и Хамбарџумјан.