Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше делителите на фудбалската правда за 9-тото коло во првата макеедонска фудбалска лига. На мечот во Кратово помеѓу домаќинот Силекс и нашиот ФК Вардар арбитражата му е доделена на Мустафи Фатон од Тетово.
На овој меч за помошници на Фатон се делегирани Стојанчевски Марјан од Скопје и Ѓорѓијевски Небојша од Брвеница-Тетово. Мечот се игра на градскиот стадион во Кратово во недела 4 октомври со почеток во 15-00 часот. Избраниците на Гоце Седлоски ќе мора да одат на освојување на сите три бода и да го продолжат “ловот“ на Шкендија која е на бод предност од скопските црвено – црни. Овој меч е последен во првиот круг од ПМФЛ, а следен предизвик за вардарци е гостувањето кај новајлијата во првата лига за оваа сезона тимот кој во првото коло не изненади ФК Слога, тој меч ќе го одиграме на гости на стадионот во скопски Чаир.