Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Женската сениорска репрезентација го одржа првиот тренинг
Женската сениорска репрезентација го одржа првиот тренинг

Женската сениорска репрезентација го одржа првиот тренинг

Македонската женска сениорска репрезентација се “собра“ на Кале и го означи стартот на подготовките за претстојните два квалификациски натпревари. Овие мечеви се борба за пласман на Европското првенство, кое во 2016 година ќе се одржи во Шведска.

Веќе во среда го играме првиот квалификациски натпревар, против репрезентацијата на Црна Гора на гостински терен. Натпреварот е закажан да се одигра со почеок од 19:30 часот. Три дена подоцна сме домаќини на селекцијата на Хрватска, дуел кој ќе започне од 17:45 часот.

Како што е познато нов селектор на сениорките е актуелниот тренер на Жрк Вардар јуниор, Симе Симовски кој повика 20 ракометарки за овој циклус на мечеви. Дури осум играчи доаѓаат од редовите на ракометниот клуб Вардар. Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Ангела Тодоровска, Теодора Керамичиева и Симона Стојановска ќе бидат црвено-црните ракометарки кои ќе ги бранат боите на Македонската репрезентација на овие квалификации.