Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > На прелиминарниот список на Обрван за Е.П има пет играчи од РК Вардар
На прелиминарниот список на  Обрван за Е.П има пет играчи од РК Вардар

На прелиминарниот список на Обрван за Е.П има пет играчи од РК Вардар

Денес Ивица Обрван селекторот на македонската сениорска репрезентација на Македонија  го објави прелиминарниот список од 28 ракометари за Европското Првенство што ќе се одржи во Полска на почетокот на 2016 година. Ова е прелиминарен список кој може да подлежи на дополнителни измени  кои може да се прават се до 12 декември кога е последен  рок за објавување на конечниот список. Македонската  сениорска ракометна репрезентација на ова првенство игра во силна група со фаворитот Франција, нашиот сосед  Србија и домаќинот на првенството Полска. Македонските репрезентативци ќе ги  играат својте мечеви во Краков  од 15 -19 јануари 2016г.

Вардарци на овој список се најдоа вкупно петмина од кој четворица од првиот тим и еден од тимот на РК Вардар јуниор. На целосниот список е изоставен Вугринец на кој повеќе селекторот нема да смета, нашиот Немања Прибак кој беше долги години во Вардар, а сезонава е во турски Бешикташ  исто така се најде на овој список. И ако се очекуваше по добрите настапи кој ги прикажа уште еден екс член на црвено – црните  Даскалоски не е вклучен во изборот на селекторт  Ивица Обрван. На овој список повикани се следните ракометари од нашиот црвено – црн тим :

1. Столе Стоилов од РК Вардар

2. Петар Ангелов-Диви од РК Вардар

3. Филип Лазаров од  РК Вардар

4. Дејан Манасков од РК Вардар

5. Мартин Манасков  од РК Вардар јуниор