Во четвртокот се одигра второто коло во групната фаза од лигата на Европа. Црвено-црните гостуваа во Норвешка, каде беа поразени од екипата на Розенборг, со резултат од 3:1. Интересно единствениот гол на овој меч, дело на Хуан Фелипе беше изран за најубав гол во второто коло. Интернационалецот од Бразил во дресот на Вардар успеа во 90 минута со прекрасен лоб удар да го измами голманот на Розенборг и да ја смести топката во неговата мрежа. Токму тој гол, кој ќе влезе во историјата, како прв за Вардар во групната фаза од европските натпреварувања.
Погледнете го видетото со најубавите 10 голови, во кое врвот е за Фелипе од Вардар.