Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Вардар не е Вардар само кога игра Лига Европа, во недела сите на стадион
Комити: Вардар не е Вардар само кога игра Лига Европа, во недела сите на стадион

Комити: Вардар не е Вардар само кога игра Лига Европа, во недела сите на стадион

Нема одмор за фудбалскиот клуб Вардар и навивачката група Комити, кои во недела ги очекува натпревар од ПМФЛ, против екипата на Слога. На својата официјална страна Комити излегоа со текст кое ви го пренесуваме во целост:

Трпение, затоа што направивме голем исчекор, а тимот го градиме за следната сезона…
Верба, затоа што собираме искуство со секој одигран натпревар кое понатаму ќе ни биде драгоцено, и резултатите сами ќе пристигнат…
Страст, затоа што адреналинот пука при секоја шанса, затоа што евро-голот на Фелипе не исполни исто како да го добивме мечот…
Надеж затоа што секоја победа ни дава дополнителна самодоверба која може да дојде до израз веќе на следниот закажан спектакл против Реал Сосиедад…зошто да не очекуваме и бодови…
Љубов, затоа што е тенка линијата помеѓу радоста и тагата, а Вардар се сака и кога победува и кога губи…
Исклучителност, затоа што поврзаноста е толку силна, бесконечна, единствена, ние Само Вардар а Вардар само нас засекогаш…
Но Вардар не е ВАРДАР само кога игра во Лига Европа, ВАРДАР е се ова и кога игра во натпреварите од домашното првенство и купот…Доколку сакаме Европски Вардар едноставно треба да бидеме спремни да ги полниме трибините на нашиот храм и втор дом Градски Стадион…