Во недела на 1-ви октомври нашиот фубдалски клуб Вардар ќе биде домаќин на екипата на ФК Слога од Скопје. Ова градското дерби ќе се одигра со почеток во 15-00 часот на арената “Филип Втори“ во Скопје. Фудбалската федерација за делител на судската правда за овој дуел го делегираше Влахо Константин.
На него во делењето на правдата ќе му асистираат: Неделкоски Дејан (Скопје) и Петрески Гоце (Скопје) , за четврти судија е одреден Трпчевски Стојанче (Кавадарци). Делегат на овој дуел кој е дел од деветрото коло во првата македонска фудбалска лига ќе биде Захариев Иванчо (Кочани)