Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Фаворити сме со Загреб, но треба да се покажеме на терен
Гонзалес и Стоилов: Фаворити сме со Загреб, но треба да се покажеме на терен

Гонзалес и Стоилов: Фаворити сме со Загреб, но треба да се покажеме на терен

Во недела РК Вардар го очекува нов предизвик во ЕХФ Лигата на шампионите, ние сме домаќин на шампионот на Хрватска. Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб е добра шанса за момците на Раул Гонзалес да ја продолжат победничката серија во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона. Европскиот првак има серија од седум победи по ред, од кои две се во оваа сезона, а во недела одиме на третта. На денешната прес-конференција тренерот и капитенот на тимот за овој дуел изјавија:

Раул Гонзалеc- тренер: ППД Загреб имаат многу добри играчи со искуство како Хорват и Марковиќ, но имаат и млади играчи кои се квалитетни. Очекувам многу тежок натпревар. Тие играат 6-0 зона, ама можат да смена во 5-1. Нивната одбрана е супер и добро организира на 5-1 зона со Марковиќ напред и затоа мораме добро да се подготвиме. Сега сме прво место во групата, имаме добра шанса да останеме први и не треба да се опуштаме. Ние сме фаворит, но треба да го почитуваме противникот. Сакам да играме добар натпревар, и да победиме. Можеме да ја подобриме играта од дуелите против Нант и Висла. Ги покануваме сите навивачи да дојдат, зашто кога салата е полна и ние играме многу подобро.

Стојанче Стоилов – играч на Вардар>Загреб е тим кој добро го знаеме го почитуваме и лани првиот пораз во сезоната. На натпреварот со Нант нападот не функционираше како што треба и се надевам дека тоа ќе го поправиме со Загреб и ќе ни донесе победа. Како што вели Раул, ние сме фаворити и треба тоа да го покажеме на теренот.