ФК Вардар во второто коло од групата-Л во Лигата на Европа беше поразен, тие вчера на стадионот „Леркендал“ во Трондхајм претрпеа пораз од Розенборг со резултат 3-1. Покрај неколкуте шанси и покрај добрата игра на моменти, сепак, норвешката екипа успеа да ги искористи своите прилики и да запише прва победа во групната фаза од Лигата на Европа.
