Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе во Вардар до 2020 година!

Фелипе во Вардар до 2020 година!

Одлични вести ни пристигнуваат денеска од ФК Вардар. Нашиот најдобар играч во моментов Фелипе Алвес Рибеиро го продолжи договорот со “црвено – црните” до 2020 година. Ова значи дека Фелипе уште најмалку три години ќе го носи дресот на најтрофениот клуб во Македонија.

Фелипе дојде во редовите на Вардар во летниот преоден рок 2015 година од ЦСКА Софија, досега овој играч има забележано 67 официјални натпревари во нашиот тим, со 17 постигнати голови.

Со новиот тригодишен договор се отвара и прашањето дали Хуан Фелипе би можел во иднина  да го облече и дресот на Македонската фудбалска репрезентација…

Му посакуваме уште многу успеси и титули во нашиот дрес на Фелипе!