Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Веќе се познати термините за Ф-4 во Будимпешта

Веќе се познати термините за Ф-4 во Будимпешта

Европската куќа на ракометот, ЕХФ во координација со ТВ -куќите кои ќе вршат директен пренос и организаторот на завршниот финален турнир во женската Лига на шампиони, ги одреди термините за четирите натпревари  во Будимпешта. Мечевите како што е познато ќе се одиграат во Арената “Ласло Пап “ на 6 мај  и  на 7 мај.

Учесниците на овој Ф-4 турнир ќе бидат познати по крајот на 1/4-финалните двобои, во нив нашиот шампион Вардар ќе се сретне со данскиот Митјиланд. Во другите дуели  Будуќност  игра со Ларвик, Мец се сретнува со Ѓер, додека Ференцварош за противник го има ланскиот шампион на Л.Ш екипата на  ЧСМ Букурешт. Досега нашите девојки во изминатите три сезони три пати по ред играат на завршниот турнир, за жал секогаш завршуваа на  треттото место. Се надеваме на лесен пласман на Ф-4 за избраничките на Дибирова и посакуваме она првпат да го носи црвено-црниот тим до врвот на Европа. Термините за полуфиналните и финалните мечви се следни:

На 6 мај мечевите се закажани вака:
15:15 Полуфинале 1
17:45 Полуфинале 2

На 7 мај стандрардно прв дуелот за “бронза“, а потоа следни големото финале:
15:15 Меч за трето место
17:45 Финале