Бразилскиот интернационалец Алвес Рибеиро Хуан Фелипе со двата гола против Шкендија во дербито кое се одигра викендов стана најдобриот стрелец на Вардар во ПМФЛ. Фелипе ги мина Којашевиќ и Балотели кои имаат по шест погодоци.
Бразилецот се очекува да настапи утре на Куп мечот со Шкендија, и да одигра уште една феноменална партија. Фелипе ќе го пропушти неделниот натпревар од 21. коло во домашната лига против прилепска Победа. Причината се пет жолти картони бидејќи на дербито со Шкендија доби картон.
Инаку, Фелипе и Грнчаров се единствените кои ги одиграле максималните 1.800 минути за Вардар оваа сезона, односно настапиле на сите дваесет кола во ПМФЛ.