Пред нас е 12 коло во групната фаза од лигата на шампионите. За нас најинтересна е групата Б, каде Вардарци стигнаа до нов триумф, додека во истава група бодови освоија и екипите на ППД Загреб, Рајн-Некар и Киелце.
Во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните го пречекаа тимот на Целје кој го совладаа со резултат 35:30. Извештај од натпреварот можете да прочитате ТУКА.
Брест Мешков пропушти шанса да направи сензација и да слави на гостувањето во Франкфурт. Рајн-Некар во последните пет минути спасуваше два гола негатива и на крајот победи со резултат 25:24. Првите десет минути поминаа во неефикасна игра, за потоа екипата од Белорусија прв а да се одлепи на три гола. До крајот на првиот дел, бундеслигашот успева да воспостави резултатска рамнотежа и на одмор да замине со само еден гол негатива (11:12). Во вториот дел, Рајн-Некар го превзема водството и успева истото да го зачува на десет минути пред крајот. Набргу стигна и израмнување, дури Брест Мешков имаше и водство од два гола во 55 минути. Сепак шампионот на Германија експресно враќа со три гола и попведува со 25:24, што беше и конечен резултат на крајот. Кристопанс имаше можност во последниот напад да израмни, но безуспешно. Кај победникот Сигурдсон и Шмит постигнаа по 7 голови, додека кај Брест Мешков се истакнаа Кристопанс, Стојковиќ и Кулак со 6 голови.
Во борбата за шесттата позиција која носи пласман во осминафиналето, екипата на ППД Загреб пред својата публика го победи тимот на Кристијанштад. Избраниците на Ивандија први се одлепија резултатски и поведоа со 5:2, но следуваше брз одговор на гостинската екипа која на средината на првиот дел стигнува до израмнување (7:7). Повторно расположен на голот беше Небојша Симиќ кој во првите 30 минути имаше седум успешни интервенции. Сепак до крајот на првото полувреме, домашниот тим успева повторно да поведе и на одмор да замине со резултат 13:11. Слично како во првото, така и на стартот на второто полувреме ППД Загреб постигнува повеќе голови од шампионот на Шведска и поведува со највисоки четири голови разлика, но Кристијанштад не се даваше така лесно и благодарение на извонредниот Симиќ стигнува до ново израмнување на 17:17 во 40 минута од дуелот, по што работите се вратија од почеток. Во завршните десет минути, ППД Загреб имаше повеќе сила за надигрување, а и поголема концентарација во завршниот напад. На крајот победата беше за нив кои славеа со резултат 26:23. Игор Вори беше најефиксен кај победничкиот тим со 5 голови, додека кај Кристијанштад крилото Толбринг постигна 6 голови.
Киелце не дозволи повторно да биде поразен и овој пат славеше на домашен терен против екипата на Пик Сегед. Во првите десет минути од мечот, домаќинот имаше константно водство кое не беше поголемо од два гола разлика, за во еден момент Пик Сегед да го израмни резултатот. Во продолжение од натпреварот следуваше резултатски пресврт, па избраниците на Пастор се тие кои имаа предност од два гола. Одлично парираа во тие моменти и на полувреме гостинската екипа имаше водство од 13:14. Ова разлика од 1-2 гола за Пик Сегед се одржуваше до 40 минута, кога со серија од четири последователни голови, Киелце ги враќа оние највисоки два гола од стартот на натпреварот. Немаше сила кај Унгарците да парираат до крај, избраниците на Душебаев со нова серија се одлепија на пет голови разлика, по што беше јасно кој ќе биде победникот. До крајот само ја одржуваа предноста и славеа со резултат 28:24. Агинагалде го предводеше Киелце со 8 голови, додека Горбок кај Сегед постигна 6 голови.
На табелата по 12 одиграни кола Вардар е прв со големи шанси таму да заврши и на крајот од групата:
1. Вардар 18
2. Рајн-Некар 17
3. Киелце 16
4. Пик Сегед 13
5. Бреест Мешков 12
6. ППД Загреб 7
7. Целје 7
8. Кристијанштад 6
Двојки за следното претпоследно коло во групата Б:
Брест Мешков – Вардар
Целје – Рајн- Некар
Пик Сегед – ППД Загреб
Кристијанштад – Киелце