Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФФМ го одреди Ѓорѓевски за “делител на правдата“ на дуелот Вардар-Хоризонт
ФФМ го одреди Ѓорѓевски за “делител на правдата“ на дуелот Вардар-Хоризонт

ФФМ го одреди Ѓорѓевски за “делител на правдата“ на дуелот Вардар-Хоризонт

Фудбалската федеравија на земјава на својата веб страница ги објави делегираните судии за шестото коло во ПМФЛ. За мечот кој ќе се одигра во Скопје на Арената Филип втори помеѓу црвено-  црните и тимот на ФК Хоризонт Турново главен судија е одреден Ѓорѓевски Далибор од Куманово.

На овој дуел помошници на Ѓорѓевски ќе бидат Манасиев Горан од Велес и  Стефановски Орце од Кратово. Мечот се игра во недела и е закажан со почеток во 16-00 часот. Во истиот ФК Вардар ќе атакува на петата победа во низа во најквалитетната домашна фудбалска конкуренција. Вардарци како лидери го дочекуваат овој меч тие се на првото место на табелата во ПМФЛ со освоени 13 бода по 5 меча на бод предност пред конкурентот од Тетово екипата на Шкендија која има 12 бода во досегашниот дел од македонското фудбалско првенство.