Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Леонид Игнатов: Секој постигнат успех за мене има големо значење
Леонид Игнатов: Секој постигнат успех за мене има големо значење

Леонид Игнатов: Секој постигнат успех за мене има големо значење

Фк Вардар генерација “2002“ беше победник на јубилејното 10-то издание на традиционалниот турнир во Кочани. Турнирот се одржува по повод 7-ми септември, денот на ослободување на Кочани и 8-ми септември, денот на независноста на Р.Македонија. На него учествуваа четири екипи и се играа полуфинални и финални мечеви.  Вардарци беа убедливи во двата дуели, против Слога 2934 (2:0) и во финалето против домаќинот Кочани (5:0).

-Турнирот беше добро организиран, на кој бевме добро пречекани. Од постигнатите резултати сум задоволен, освоиме прво место, а играта секогаш може да биде подобра.

Леонид Игнатов од редовите на Вардар беше најдобар стрелец на турнирот, постигнувајќи 4 голови, од кои 3 беа во големото финале.

-Постигнав најмногу голови за својата екипа, но тоа е резултат на добрата игра на целиот тим и секако на тренерот Павел. Секој постигнат успех за мене има големо значење и претставува мотив за уште поголеми успеси и докажувања, изјави Леонид Игнатов за Вардар фанс.

Фото: Fer Plej Cup

Звонко Ивановски