Следува продолжението од ПМФЛ по паузата од две недели поради репрезенативните термини. Следен предизвик во недела за црвено-црните изграници на Гоце Седолоски е тимот на Хоризонт од Турново на чива клупа деби има некогашниот селектор на А-селекцијата на Македонија и екс шеф на штручниот штаб на Вардар Никола Илиевски-Џиџи. Какви се очекувањата за неделниот дуел го запрашавме еден од најмладите членови на Вардар младиот Јасир Асани. Тој вели :
Како и на секој меч така и со Турново идеме на освојување на трите бода и продолжување на победничката серија. Турново има добар тим така да не треба да се опуштаме во овој дуел.Ние имаме добар тим годинава со многу добри поединци.Јас сум задоволен од мојте настапи за Вардар и верувам во себе дека ќе дадам се од себе да победиме на секој натпревар.
За прериодот кој следи во наредните 20 дена со згуснат распоред на мечеви и борбата на три фронта и очекувањата на Јасир за истиот младиот вардарец ни изјави :
Ни следи тежок период од 20дена во кој имаме 6 меча , но верувам во нашата екипа имаме доволно енергија очекувам сите поединци на нашиот колектив да дадат максимум. Сакам и очекувам оваа сезона да ги освоиме сите три титули за кој се натпреваруваме. Но знам дека на секој меч мора да дадеме максимум од нас , да не се олабавуваме и да играме како што ние знаеме- вели Асани во изјавата за Вардарфанс.мк .
Михајло Тушевски