Младиот судија кој судеше до пред некое време во младинските лиги Стојчевски Игор, е делегиран да го суди дербито на Македонија, на кое в среда се среќаваат екипите на Вардар и Шкендија.
Помошници на Стојчевски ќе му бидат Тошевски Саше и Василевски Даниел, исто така од Скопје. Четврти судија ќе биде Стојанов Стојанче од Штип.
Дербито ќе биде одиграно в среда од 15.00 часот.