Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со градското дерби против Работнички, стартува третиот круг на натпреварување во регионалната лига, за вардаровите генер. “2003“ и “2004“
Со градското дерби против Работнички, стартува третиот круг на натпреварување во регионалната лига, за вардаровите генер. “2003“ и “2004“

Со градското дерби против Работнички, стартува третиот круг на натпреварување во регионалната лига, за вардаровите генер. “2003“ и “2004“

Во текот на утрешниот ден на теренот на Академијата ќе се одигра градското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Вардар и Работнички, кај генерациите родени “2003“ и “2004“ година. Со ова коло стартува и третиот последен круг на натпреварување.

Ова ќе биде трето соочување помеѓу генерациите на Вардар и Работнички, родени “2003“ година. На стартот на сезоната, на истиов терен двете екипи ги поделија бодовите, откако одиграа со нерешен резултат (1:1), додека на теренот на Алумина, Вардар убедливо го порази градскиот ривал, славејќи триумф со резултат 0:5. Избраниците на Чунга Лунга се наоѓаат на првото место на табелата, со седум бодови повеќе од екипата на Шкендија, која е второпласирана. Мечот со Работнички утре својот старт го има од 10:00 часот.

Избраниците на Игор Кралевски, генерацијата родени “2004“ атакуваат на третата последователна победа во меѓусебните дуели со врсниците од Работнички. Двата дуели претходно ги добивме со убедлива разлика. На истиов терен во првото коло на регионалната-скопска лига славевме со резултат 6:1, додека на теренот на Алумина издвојувавме исто така висок триумф со резултат 0:8. Големи фаворити се вардарци за освојување на нови бодови, со што би го задржале стопроцентниот ефект во лигата. Мечот кај оваа возрасна генерација стартува од 12:00 часот.