На вчерашниот тренинг се повреди напаѓачот на Вардар Филип Ивановски. Фичо ќе го пропушти воведниот натпревар против Слога од првото коло во ПМФЛ.
Неизвесно е дали и Ромеро ќе има право за настап. Доколку не пристигнат потребните документи, Седлоски ќе игра со Стојков или Петковски како најистурен играч.