Драгана Петковска и Нина Ладева беа дел од Македонската репрезентација, на европското пренство за младинки кое се играше во Валенсија. Двете девојки кои доаѓаат од екипата на Вардар имаа забележителни настапи на ова натпреварување. Нина Ладева настапува за втората екипа на Жрк Вардар, која ја предводи селекторот Симе Симовски. Има само 17 години и се смета за голем потенцијал на голманската позиција. Ладева ќе биде дел и од кадетската репрезентација, на европското првенство кое ќе се игра во Скопје. Успеаа дури на два пати да биде прогласена за најдобар играч во нашата селекција. Тоа беше на мечот со големиот фаворит Русија, кога испуштивме победа во последните секунди и на последниот натпревар против Литванија.Имаше успешна сезона и за вториот тим, со кој ја освои младинската лига и третото место во супер лигата.
Драгана Петковска има 19 години, во изминатата сезона бранеше за првиот тим на Вардар, во друштво на Суслина и Лејно. Беше избрана за најдобар играч, на натпреварот со Србија, каде за само едно полувреме имаше 15 успешни интервенции. По завршување на младинското првенство, доби неколку дена одмор. Во моментов тренира со првата екипа на Жрк Вардар.