Младата репрезентација на Македонија до 19 години отпатува за Полска, каде што ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза.
Селекцијата предводена од Тони Јакимовски се наоѓа во групата 5 и за противници ги доби Германија, Казахстан и домаќинот Полска.
Голманот Никола Филевски е единствениот вардаров играч кој ќе ги брани боите на Македонија на овој квалификациски турнир.