Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Играчот кој освои 5 титули со Вардар стави крај на својата фудбалска кариера
Играчот кој освои 5 титули со Вардар стави крај на својата фудбалска кариера

Играчот кој освои 5 титули со Вардар стави крај на својата фудбалска кариера

Филип Петров заминува во фудбалска пензија!

Петров ја има таа чест да се пофали со повеќе од 150 натпревари во дресот на најтрофејниот фудбалски клуб од Македонија. Освен тоа, Петров во својата кариера освои три шампионски титули со Вардар, еден Куп и еден Супер Куп на Македонија.

Најдобрите моменти во Вардар ги имаше во сезоната 2013/14, кога постигна девет првенствени погодоци на 28 натпревари. Да не заборавиме дека крилниот играч беше во редовите на ,,црвено – црните” во најтешките мигови, па токму затоа можеме да кажеме дека е вистински Вардарец! Петров е дете на Вардар и голем професионалец, па токму затоа и ја завршува кариерата онаму каде што ги имаше најбелскавите моменти од својата фудбалска кариера.

,,Вардар Фанс” му посакува успешна спортска пензија на Филип Петров. Можеби еден ден ќе се врати во Вардар, но овој пат како тренер.