Дури по изведувањето на ударите од белата точка, помладите пионери успеаа да го освојат купот на Македонија. Откако во регуларниот дел , мечот заврши без голови, се пристапи кон изведувањето на пенали. Тука подобро се снајдоа Вардаровите момци, кои дури после 3 серии успеаа да ја совладаат екипата на Шкендија. Еден од јунаците кој последен шутираше и донесе трофеј за својата генерација е токму Филипоски.
- По долгиот пенал рулет успеавме да го освоивме купот на Македонија и да станеме прваци. После напорната игра во текот на натпреварот очекувавме ваков резултат. Никогаш не го потценуваме противникот, па затоа долго се спремавме за оваа утакмица. Многу ми е мило што на крајот успеавме да докажеме дека сме подобри и станавме прваци на Македонија и многу сум срекен што успеав да придонесам за освојување на титулата со постигнатиот решавачки гол, изјави Мартин Филипоски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски