Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Малик Зибери: Игравме со срце и тоа го покажавме во текот на натпреварот

Малик Зибери: Игравме со срце и тоа го покажавме во текот на натпреварот

Вчера на теренот на ФФМ се одигра големото финале во купот на Македонија за помлади пионери. Вардаровата генерација беше подобра од своите врсници од шкендија, дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0:0.

  • Игравме сите со срце и тоа го покажавме во текот на целиот натпревар, кој беше многу цврст. Пропуштивме неколку шанси во текот на мечот, но и покрај тоа заминавме со пехар во рацете и медали. Како што е познато не е типично за еден голман да изведува пенал, но професионално ја одработив таа задача, со цел да ги мотивирам моите соиграчи. Секако повеќе бев среќен кога го одбранив последниот пенал. Со тоа покажав што не научил тренерот на голманите-Кметовски и секако главниот тренер-Тодоровски, изјави чуварот на мрежата на Вардар Малик Зибери за нашиот сајт.

Звонко Ивановски