Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Финале за вардаровата генер. 2004 на турнирот во БИХ
Финале за вардаровата генер. 2004 на турнирот во БИХ

Финале за вардаровата генер. 2004 на турнирот во БИХ

Вардаровата генерација 2004 се наоѓа на турнир во БИХ, каде утрово го одигра својот полуфинален дуел. Момците на Петар Ѓорѓиески се изборија за големо финале на турнирот „Срце Куп“ откако во 1/2 финалето ја победија екипата на Будуќност 05 од Подгорица.

Црвено-црните славеа со резултат 2:1 а стрелци на головите беа Талха Идризи и Левент Ибраим.

Вардар: Ангелов, Павлески, Милошевски (c), Јаневски, Љушев, Каровски, Здравковски, Стоимов, Ибраим, Идризи, Гуџуфи. 

Во игра влегоа уште и Ричков и Перковски.

Денес во големото финале ќе играме против екипата на Будуќност 04.