Нашиот медиски партнер “Спорт.Видео-Македонија” состави ново видео, овој пат од Топ-10 одбрани опфатени со мобилната апликација на Sport.Video. Македонија е расадник на спортски талент и потенцијал, а нивната технологија ќе се погрижи да истиот биде искористен. Претходно во најубавите погодоци имаше место за Трпевска и Кукуловски, тој текст може да го најдете на нашиот сајт – овде!
Во топ изборот на 10 најатрактивни одбрани фатени со нивната апликација се најдоа двајца „чувари на мрежата“ од црвено-црното ракометно семејство. На позицијата број 9 се наоѓа голманот на Вардар Јуниор, Петковски Андреј. Овој млад голман на бравурозен начин одбранува удар од седум метра. Истиот по крајот на сезоната го напушта младиот црвено-црн сениорски колектив, му посакуваме среќа во понатамошната кариера.
Во првата половина од истиот избор, односно во топ-5 сегментот се најде голманката на ЖРК Вардар, Симона Грујовска. Таа дефинитивно ја одбележа оваа сезона, сето тоа беше крунисано со пехарот за “Најдобар голман“ во сениорска конкуренција кој и беше врачен во Куманово по крајот на финалето до Купот на земјава. Одбраната на оваа младинска и кадетска репрезентативка е од Плеј-офот каде фаќа на чудесен начин лоб-удар иако сите веќе ја видоа топката зад нејзиниот грб. Вистинско богатство тоа што црвено-црниот тим поседува ваков млад и перспективен “чувар на мрежата“ во своите редови.
*ВИДЕО ОД ТОП-10 ИЗБОРОТ НАСЛОВЕНО “ГОЛМАНОТ Е ПОЛОВИНА ТИМ“ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДЕТЕ- ТУКА!!!
.